Пресврт во случајот Димитриевски: Се најавуваше дека ќе замине од Рајо, но тој…

stole

Речиси цело лето се пишува дека Столе Димитриевски би можел да си замине од редовите на Рајо Валјекано.

Клубот испадна во втората  по ранг лига во Шпанија, па се веруваше дека Димитриевски ќе си оди затоа што за него интерес имаше од неколку стабилни членови на Ла Лига.

Сепак, сега „Марка“ пренесува дека нашиот репрезентативен голман ќе го продолжи договорот со Рајо до 2023 година.

Кога Пако Хименез пристигна во Рајо се одлучи да го седне нашиот голман на клупата и шанса да му даде на искусниот Алберто Гарсија, но сега Димитриевски верува дека ќе може да се врати меѓу стативите и се согласил да го продолжи договорот со клубот.

Facebook Коментари