Поврзете се со нас

Италија

Пресврт: Влаховиќ ќе потпише нов договор со Јувентус

Објавено

на

Душан Влаховиќ од 2022 година е член на Јувентус, тим во кој пристигна од Фиорентина каде имаше страшни изданија кои му го донесоа најголемиот трансфер во досегашниот тек на кариерата.

Меѓутоа Србинот никако не заблеска како што се очекуваше, поточно не го достигна нивото од претходниот клуб и низ досегашниот престој се соочи со доста критики, коментари и имаше многу најави за негов заминување. Меѓутоа и покрај сите тие вести, гласини дека Душан може да го напушти Торино, особено во летниот преоден рок кога се најавуваше доаѓање на Ромелу Лукаку, ништо од тоа не се реализираше, па сега доаѓа помалку изненадувачка вест од „Газета Дело Спорт“ која тврди дека голгетерот е на добар пат да стави потпис на нов договор до 2027 или 2028 година.

Наводно прашањето околу договорот може да биде затворено веќе до дуелот со Фиорентина кој е закажан за в недела во Фиренца.

Тој би требало да заработува 7,5 милиони евра годишно плус бонуси, а во последната година неговата плата може да достигне и 12,5 милиони евра.

Душан има 23 години и досега освен во Италија има настапувано уште за Партизан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни