Поврзете се со нас

АТП

Пресврт на годината: Губеше 5:0 во петтиот сет на Вимблдон, па направи чудо за паметење (Фото)

Објавено

на

Томас Махач требаше да игра со Енди Мари во првото коло на Вимблдон, но поради откажувањето на британскиот тенисер, доби друг противник во воведната рунда.

Чешкиот тенисер ги одмери силите со Давид Гофан и вчера режираше меч за паметење, бидејќи направи пресврт кој е хајлајт на третиот натпреварувачки ден во Ол Ингланд клубот.

Махач се врати од два сета негатива и се избори за одлучувачки сет, а на крајот победи во истиот и покрај тоа што имаше неверорјатна негатива од 5:0.

Играчот кој пред Ролан Гарос го победи и изненади Новак Ѓоковиќ во Женева, на крајот излезе како победник во тајбрејекот со 10:5, а неверојатниот триумф го прослави со специјална изјава.

– Едно е сигурно, засекогаш ќе го паметам овој меч. Покрај тоа што направив голем пресврт, го направив тоа на Вимблдон, на култно тениско место. Кога губев 5:0 во петтиот сет, кога направив прв брејк си реков дека ќе одам по уште еден. Ја ослободив раката, играв најдобро што можам и верував во себе. Кога стигнав до 5:5, мечот целосно се сврте на моја страна, – порача Чехот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни