Поврзете се со нас

Балкан

Пресметка на Македонците во Кипар: Тричковски даде гол, ама Јаневски се радуваше на победата (ВИДЕО)

Објавено

на

Чедомир Јаневски како предводник на Олимпијакос Никозија излезе како победник во македонската пресметка против АЕК Ларнака за кои настапуваат Иван Тричковски, Стефан Спировски и стоперот Даниел Мојсов.

Четата на Јаневски се избори за триумф од 2-1 иако по првиот дел имаше негатива од 1-0. Тој гол за гостите беше дело на Тричковски кој реализираше од белата точка во 11 минута. Во продолжението работата се смени, домаќините ги искористија шансите, двапати ја начнаа мрежата на Ларнака за три бода на овој дуел.

Тричко и Спировски ги одиграа сите 90 минути, Мојсов пак остана на клупата за резерви.

АЕК Ларнака со 47 бода е на 5 позиција, Олимпијакос на Јаневски пак го зазема 6 место со 40 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни