Поврзете се со нас

НБА

Преседан во НБА лигата: Лејкерс му ја исполни желбата на Леброн, двоецот Џејмс ќе пишува историја (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/warriors

Лос Анџелес Лејкерс му ја исполни желбата на Леброн Џејмс и се погрижи за историски преседан во НБА лигата, бидејќи за првпат ќе гледаме како татко и син настапуваат за еден тим во најсилната кошаркарска лига во светот.

Брони Џејмс не беше меѓу 60-те пикови на драфтот, но Лејкерс го избра наследникот на Леброн во втората рунда како франшиза која имаше можност да бира од 55-та позиција.

Тоа што се очекуваше, рано утрово и дефинитивно се оствари, па така Леброн во една од своите последни сезони во кариерата ќе го дочека она што го чекаше со години, односно да заигра на НБА паркет со својот син.

Брони доби доста критики во последно време и многумина заклучија дека тој не поседува НБА материјал, но Лејкерс реши да ризикува за да ја задоволи својата прва ѕвезда.

Голем предизвик ќе има и новиот тренер Џеј Џеј Редик, кој во новата сезона ќе мора да најде баланс меѓу возрасниот и младиот Џејмс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни