Италија
Прерана смрт на млада дадилка донесе немир во семејството на Лаутаро Мартинез (Фото)

Лаутаро Мартинез игра во врвна форма на стартот на новата натпреварувачка сезона и се истакнува како вистински лидер на Интер, но ако на професионален план се му оди според планот, во личниот живот „бикот“ минал низ тежок период.
Причина за тоа е немирот кој настана во неговото семејство поради прераната смрт на 27-годишна девојка, која по избор на случајноста била дадилка на неговите деца.
Младата „бејбиситерка“ била ангажирана од Лаутаро и неговата сопруга и двајцата и обезбедиле престој во Милано, но откако девојката се разболела, тие биле принудени да ја отпуштат и да си пронајдат нова дадилка.
Откако младата девојка починала поради тешка болест, семејството од Аргентина отворило судски процес поради семејството Мартинез за предвремен прекин на работниот однос кон лице кое е во терминална фаза, а вчера судот од Милано донел одлука против познатиот фудбалер.
Лаутаро мора да ги плати сите судски трошоци за семејството на дадилката, но истовремено и да му исплати најмалку 15 плати во наредниот период. Оваа непријатна епизода му донесе доста лош публицитет на капитенот на Интер, па затоа со бурно соопштение се јави и неговата сопруга.
– Решив да молчам до сега од почит кон семејството кое испадна дека нема почит кон нас. Но, нема да дозволам да го клеветат моето семејство. Вработивме девојка која веќе била болна, која ни беше пријател од претходно со години, за потоа за жал веќе не беше во состојба да работи. Направивме многу за неа и нејзиното семејство. Им плативме билети да летаат овде, и помогнавме да се лекува и да најде место за нејзиното семејство кое моравме да го убедиме да дојде во Италија и да ја чува нивната ќерка која умира.
– По сето тоа, тие чекаа нивната ќерка да умре и свесно сакаа да извлечат пари од нас и да извлечат максимум од ситуацијата. И по нејзината смрт тие продолжија да притискаат. Ние и помогнавме кога најмногу гребаше, а тие не наклеветија. Каква личност сте вие кога ја користите смртта на вашата ќерка за да добиете пари? Згрозени сме од семејството Лицола. „ие треба да се фатат за работа!, – гласи објавата на сопругата на Лаутаро, која беше споделена и од фудбалерот.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него