Поврзете се со нас

Европски купови

Преполовениот Металург се бореше едно полувреме, но очекувано капитулираше во Полска

Објавено

на

Ракометарите на Металург беа осудени на пропаст уште кога беше предвидено дека мора да отпатуваат за Полска, а ако најава за тоа беше првиот натпревар, потврда добивме и на оној денешниот против Висла Плоцк кој одново заврши со огромна разлика на семафорот.

Металург е максимално десеткуван со оглед на тешките проблеми со коронавирусот и повредите кај играчите, па откако пред два дена загуби во Полска со 38:19, денеска постигна 20 гола, но одново прими над 30.

Конечните 35:20 не се никакво изненадување и не смее да се смета за разочарување, бидејќи македонскиот претставник се бореше колку што можеше, односно колку му дозволуваа околностите во кој се најде прет двете закажни гостувања кај силната Висла.

Металурзите дадоа се од себе во првото полувреме и истото го загубија со 16:10, но потоа во второто следеше распад кога е во прашање одбраната, примија дури 19 гола, а на спротивната страна одново постигнаа 10 како и во првиот дел.

Мартин Серафимов одново беше светла точка и постигна осум погодоци за нашиот претставник, пет постигна Поповиќ, а еден помалку кружниот напаѓач Митиќ. По двете пресметки во Полска, следен предзивик за Металург во Лигата на Европа е гостување во Австрија, каде на 23-ти февруари ќе игра против Фајверс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни