Премиерлигата го доби најуспешниот голман во историјата: 134 мечеви без примен гол (Фото)

Liverpul navivaci

Познатиот англиски фудбалски сајт „442“ преку свое истражување реши да им покажа на англиските фанови кој голман бил најдобар во Премиерлигата. Условите за влез во конкуренцијата биле учество на секој голман на најмалку 50 мечеви, но сепак еден хендикеп на истражувањето е што голманите кои бранеле до 1992 година не биле земени во предвид.

Во ова истражување како најдобар голман се покажал чуварот на мрежата на Ливерпул, Пепе Реина, кој беше на голот од 2005 до 2013 година и бранеше на 285 натпревари, а на 134 од нив не прими гол, а тоа сумирано во проценти изнесува  47,02 %. После него следува Петр Чех со 45,65%, Едвин Ван Дер Сар со 42,17%, Питер Шмајхел со 41.29% и Дејвид Симан со 40.70%.

Реина со своите одбрани придонесе Ливерпул да се закити со три пехари во Супер Купот на УЕФА, ФА Купот и Лига Купот во Англија.

 

Facebook Коментари