Поврзете се со нас

Шпанија

Премиерлигашот во нова акција: Јунајтед активира уште една „бомба“ на трансфер пазарот

Објавено

на

Англискиот великан Манчестер Јунајтед е на добар пат да комплетира уште еден голем трансфер во овој летен преоден рок.

Како што е познато „црвените ѓаволи“ успешно ја затворија зделката со Борусија Дортмунд за Џејдон Санчо, а како што стојат работите сега е пред завршница на преговорите со Реал Мадрид за услугите на стоперот Рафаел Варан.

Многу медиуми, реномирани новинари пренесуваат дека Французунот е пред преселба на „Олд Трафорд“, поточно дека клубовите веќе се договориме. Меѓу изворите е и „Би-Би-Си“ кој скоро секогаш има точни информации, па така според нив Варан ќе стане играч на Јунајтед за сума од 34 милиони фунти, сума која ќе може да достигне 42 милиони фунти со сите бонуси.

Инаку Рафаел има 28 години, а изминатава деценија е дел од Реал со кого ги освои сите можни титули. Кога е во прашање репрезентацијата, стоперот има одиграно 79 мечеви со тоа што најголем успех е пехарот на СП во 2018 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни