Поврзете се со нас

Англија

Премиерлигашко лудило со 21 гол и фудбалски празник на „Ст. Џејмс парк“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Премиер лигата со години наназад носи најголеми возбудувања и атракции за неутралните фудаблски фанови, а голем дел од нив се уверија во тоа и во попладне кое не изгледаше воопшто атрактивно.

Четирите досегашни натпревари во саботната програма не привлекуваат големо внимание на прв поглед, но актерите се погрижија да гледаме неверојатно отворени дуели на кои видовме 21 гол.

Се започна со ремито меѓу Евертон и Тотенхем со резултат 2:2, а продолжи со попладневните пресметки на Барнли-Фулам, Брајтон-Кристал Палас и Њукасл-Лутон.

Бранли се врати од два гола негатива и освои бод против Фулам, Брајтон беше убедлив и славеше лесно со 4:1, но најголемите воздишки ги имаше на „Ст. Џејмс парк“ каде фановите присуствуваа на вистински фудбалски празник.

Лутон на двапати одговори на двата гола на Лонгстав преку Ошо и Баркло, додека во вториот дел стигна до предност од 2:4 со погодоците на Морис и Адебајо.

Њукасл не се предаде и се погрижи за вистинска фудбалска драма на северот на Англија, па откако Трипие и Барнс израмнија на 4:4, цели 30 минути имаше напади на двете страни.

И Њукасл и Лутон пропуштија прилика за победнички петти гол, но на крајот се чини дека нерешниот исход е најреален од оваа пресметка.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни