Поврзете се со нас

Англија

Премиерлигашките фанови шокирани: „Казнетиот“ Тејлор ќе го суди дербито Челси-Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/EuropaLeague

Хауард Веб се обидува да внесе одредени промени во работењето на англиските судии, но и покрај големите контроверзи поврзани со одредени одлуки, фановите со право се чудат и за одредени потези кои ги влече првиот човек на судиската асоцијација.

Последниот пример е поврзан со Ентони Тејлор, добро познат судија за фудбалски фанови, кој минатиот викенд мораше да суди во Чемпионшип, како казна за грешката направена на дуелот меѓу Њукасл и Волвс, на кој „црно-белите“ добија пенал на подарок.

Поради истата, Тејлор на 4. ноември мораше да суди на натпреварот меѓу Престон и Рединг, а на истиот повторно заработи критики поради контроверзна пенал одлука.

По ваквиот тек, ретко кој можеше да очекува дека не само што Тејлор по само едно коло ќе се врати на дуелите од Премиер лигата, туку го доби и големото дерби меѓу Челси и Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни