Поврзете се со нас

Англија

Премиерлигашки судија суспендиран поради навреди кон Клоп и Ливерпул (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/newcastleunited

Денеска нема фудбал во Премиер лигата, но токму од Англија ни доаѓа еден скандал поврзан со судија која ја дели правдата во најсилната конкуренција на островот.

Се работи за Дејвид Кут кој денеска се најде во фокусот на јавноста, а причината за тоа е објавено видео на социјалните мрежи во кои тој дава погрдни коментари за Ливерпул и поранешниот менаџер на клубот Јирген Клоп.

Судиското тело ПГМОЛ веднаш го суспендираше Кут или поточно додека трае истрагата нема да биде активен. Не е познато кога видеото е снимено и самата автентичност на истото, поточно ќе мора да се мине низ цел процес за да се разјасни целата ситуација.

Инаку Кут е еден од најискусните арбитри во ПЛ, суди од 2018 година, а минатиов викенд токму беше главен на средбата меѓу Ливерпул и Астон Вила на „Енфилд Роуд“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни