Поврзете се со нас

Англија

Премиерлигашки клуб го промени капитенот среде сезона

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Wolves

Новото коло во англиската Премиер лига ќе донесе и нов капитен во еден од клубовите, а како реакција на менаџерот поради непосакуван инцидент на последниот настап во првенството.

Менаџерот на Вулверхемптон, Гери О’Нил, потврдил дека Марио Лемина ја загубил капитенската лента и во иднина оваа улога во редовите на „волците“ ќе му припадне на Нелсон Семедо.

Лемина иницираше физички дуел со Џеред Боуен од Вест Хем по завршувањето на нивната премиерлигашка пресметка, а О’Нил имал разговор со фудбалерот и му ја соопштил одлуката.

– Она што се случи по крајот на натпреварот не смее да се повтори. Разговарав со Лемина и се разбравме, мислам дека е најдобро за сите наредниот период екипата да биде предводена од Семедо, – рекол О’Нил.

Волвс денеска игра важен натпревар против Ипсвич и мора да оди на победа за да фати приклучок со екипите кои се над опасната зона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни