Поврзете се со нас

Англија

Премиерлигашки фудбалер ќе останел без прст во бизарен инцидент во својата кујна

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/IpswichTown

Премиерлигашки фудбалер нема да настапува за својата екипа околу еден месец поради сериозна повреда на раката заработена во бизарен кујнски инцидент.

Ипсвич преку менаџерот Киран МекКена потврдил дека дефанзивецот Аксел Туанзебе го пропуштил последниот дуел со Вест Хем, затоа што заработил сериозна расекотина и за малку ќе го изгубел палецот на раката.

Туанзебе добил длабока рана од скршено стакло додека миел садови во кујната во својот дом, а повредата била толку сериозна што морало да има и хируршки зафат за санирање на проблемот.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед играше на претходните шест натпревари за Ипсвич во Премиер лигата, пред да го пропушти поразот од Вест Хем, поради споменатиот проблем.

МекКена најавил дека нема да смета на Туанзебе околу еден месец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни