Поврзете се со нас

Англија

Премиерлигашки циркус: Завршниот поздрав меѓу Лемина и Боуен заврши со боречки зафати (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/WestHam

Премиерлигашкото коло беше заокружено со важен натпревар во Лондон во битката за опстанок, бидејќи силите ги одмерија два тима кои се во долниот дел на табелата.

Вест Хем го пречека Вулверхемптон и излезе како победник во натпреварот кој заврши 2:1, а клучниот гол на средбата го постигна Џаред Боуен.

Фантастичниот офанзивец постигна мајсторски гол за 2:1 и истиот му го посвети на Антонио, но кога дојде време да и се радува на големата победа, капитенот на Вест Хем влезе во вербална и физичка пресметка.

Лемина не го прифати добро поразот и си разменија лоши зборови со Боуен откако се поздравија, по што следеа боречки зафати на земјата и обид за физичка пресметка.

ДВајцата мораа да бидат раздвојувани од соиграчите за да не дојде до поголема глупост, а ако Боуен се смири, Лемина навистина ги загуби нервите и тргна да се пресметува и со еден од помошниците на домашниот тим.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни