Поврзете се со нас

Свет

Премиерлигашка ѕвезда одби да се поздрави, селекторот го зграпчи за дрес и му одржа лекција (Видео)

Објавено

на

Египет и Алжир одиграа без победник на пријателскиот натпревар на кој беше покажан и еден црвен картон, но сепак најголемо внимание привлече измената на гостинскиот селектор.

Џамел Белмади очигледно не сака знаци на разгаленост од своите фудбалери и тоа лесно може да се заклучи од неговата реакција, која стана вирален хит поради тоа што фудбалерот на кој му одржа лекција е добро познат во јавноста

Саид Бенрама е фудбалер на Вест Хем и важи за една од најголемите ѕвезди во тимот на Алжир заедно со Ријад Марез, но таквиот статус не проаѓа кај селекторот.

Бенрама не беше задоволен што беше изваден од игра и мина крај селекторот без да се поздрави, но овој направи сцената да биде доста популарна на социјалните мрежи.

Белмади го зграпчи Бенрама за дрес и јасно му стави до знаење дека не го одобрува игнорантскиот однос, кој мора да се признае дека во модерниот фудбал стана се почеста слика кај младите фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни