Поврзете се со нас

Свет

Премиерлигашка ѕвезда го изгубила пасошот и нема да игра четвртфинале против Америка

Објавено

на

Foto:x.com/WestHam

Наспроти Лигата на нации која се игра во Европа, исто натпреварување организираше и КОНКАКАФ, а четвртфиналната фаза од турнирот донесе пресметка меѓу Америка и Јамајка.

Фаворитот победи со 1:0 на првиот меч пред реваншот кој се игра во САД, но во најавата за вториот меч кој се игра утре наутро, со неверојатна изјава излезе селекторот Стив Мекларен.

Поранешниот селектор на Англија сега е предводник на Јамајка, а откако на првиот меч со САД не можеше да смета на својата најголема ѕвезда, сега нема да го има во комбинација истиот играч и за реваншот.

Микел Антонио го пропушти првиот меч поради суспензија, но нема да игра и на вториот откако го загубил својот пасош.

– За жал, Антонио и Диксон нема да играат на реваншот. Двајцата ги изгубија своите пасоши и сега е предоцна да добијат нови и да отпатуваат со нас за САД. Тие дефинитивно ќе ни недостасуваат на реваншот, – изјавил Мекларен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни