Поврзете се со нас

Англија

Премиерлигашите утре одлучуваат за укинување на ВАР, најавен и очекуваниот епилог

Објавено

на

Претставниците на клубовите од Премиер лигата утре ќе ја одржат средбата, на која ќе се одлучува за прифаќање на предлогот на Волвс за укинување на ВАР во елитната англиска фудбалска лига.

„Волците“ поднесоа официјален предлог со кој бараат елиминација на технологијата, поткрепувајќи ја идејата со многу негативни елементи на ВАР и незадоволството кај клубовите и фановите.

„ЕСПН“ тврди дека не постојат шанси барањето да биде изгласано, бидејќи не само што за истото се потребни 14 од 20 гласа од клубовите кои ќе учествуваат во гласањето, туку постои и многу мала поддршка меѓу премиерлигашите па нејасно е и дали воопшто ќе дојде до процесот на гласање.

Премиерлигашите кои играат во Европа, каде се користи ВАР, не ни помислуваат да играат без оваа технологија на домашен терен, додека клубовите од дното на табелата сметале дека вакво решение во моментов може да биде само контра-продуктивно за нив.

Единствен позитивен аспект од иницијативата на Волвс е што може да има сериозна дебата околу опциите за подобрување на системот и неговото имплементирање од страна на судиите. Според независното тело за анализа на спорните моменти, последната сезона се направени 31 грешка со ВАР, но затоа коректно биле променети 107 одлуки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни