Поврзете се со нас

Германија

Премиерлигашите го меркаат, но Белингам има само една желба за свој следен тим

Објавено

на

Џад Белингам веќе го потврди својот неверојатен потенцијал во дресот на Борусија Дортмунд и не изненадува фактот што голем број клубови го следат англискиот репрезентативец.

Финансиската моќ на премиерлигашите ги става во пол-позиција во однос на останатите ривали, наводно Манчестер Сити и Ливерпул веќе и разговарале со неговиот агент, но Белингам има поинаква идеја.

„Марка“ тврди дека Белингам има само една желба и таа се вика Реал Мадрид, што значи дека англискиот играч за врска посакува да се пресели во најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, а за таков епилог веќе подолго време има комуникација меѓу двете страни.

Договорот на Англичанецот истекува во 2025 година, а неговиот агент добил сугестија да не биде продолжуван, бидејќи Реал Мадрид веројатно уште следново лето ќе преговара за неговиот потпис. Белингам поради ова ги одбивал сите можни опции за подобрување на сопствените услови или трансфер и ќе чека конкретен потег од Шпанија.

Реал Мадрид може да си дозволи и поголема отштета за Белингам, а клубот на тој начин би ја заокружил реконструкцијата на средниот ред во кој веќе се Камавинга, Валверде и Чуамени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни