Премиера на авионските трки во колевката на европската авијација!

martin sonka wiener neustadt 2018

Поминаа 15 години од првата трка на Red Bull Air Race во Целтвег, Австрија, но за само неколку дена светскиот шампионат се враќа на своите корени на нова локација која има длабоко значење за европската авијациска заедница: Виенер Нојштад. Со само три трки до крајот, а во ситуација кога првите тројца пилоти на табелата се одвоени со само шест поени разлика, септемвриската акција во Австрија може да биде точка на кулминација за идниот светски шампион.

Колевката на европската авијациска историја – Виенер Нојштад – ќе биде разнишана од најсовремените тркачки авиони кои ќе летаат со 370 км/ч, достигнувајќи гравитациски сили до 12G, кога најдобриte 14 пилоти на светот ќе се вивнат на небото во натпреварување кое претставува последна европска станица од светскиот шампионат Red Bull Air Race.

Најстарата (од 1909 година) и најголема природна авионска писта во Европа, Виенер Нојштад, ја означува првата станица на летови над земја (наместо над вода) во сезоната, со што ќе ги стави на тест пилотите со нова перспектива, додека навигират на тркачката патека меѓу 25-метри високите воздушни столбови, кои „пукаат“ при најмал допир со крило. Оваа трка исто така ќе има и невообичаен стоечки старт, со кој им овозможува на гледачите да ги видат супермодерните акробатски авиони уште при полетувањето, што бара вистинско летачко мајсторство да се задржи оптимална брзина!

ben murphy wiener neustadt 2018

А брзината ќе биде најважна ина оваа шеста трка од вкупно осум во календарот, бидејќи елитните тркачки тимови ќе се борат за подиум во светскиот шампионат пред да биде предоцна. Летајќи ја својата најдобра сезона, Американецот Мајкл Гулијан е на врвот од табелата со 55 поени. Веднаш зад него се двајцата пилоти кои беа второпласирани во претходните сезони, Мартик Шонка од Чешка и Мат Хол од Австралија, и тоа изедначени со 49 поени. Нив со сите сили ги бркаат останатите претенденти, како талентираниот дебитант од 2018 Мика Бражо (Франција) и актуелниот светски шампион Јошихиде Муроја (Јапонија).

Локацијата на Виенер Нојштад е лесно достапна за обожавателите на спортот од блиските земји да ја гледаат трката во живо, како, на пример, навивачите на пилотите од мастер класата Шонка, неговиот чешки колега Петр Копфштајн и Германецот Матијас Долдерер, како и фановите на тркачите од челинџер класата Даниел Геневи (Унгарија), Флоријан Бергер (Германија) и Дарио Коста (Италија).

– Трката во Австрија ќе биде посебна затоа што е најблиска до Чешка,- вели Шонка, кој сака да изведе хет-трик со трета последователна победа на трка, по триумфите во Унгарија и Русија. – Ќе има многу фанови од нашата земја, па ќе биде убаво ако ги наградиме за нивната неверојатна поддршка.

ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО:

Квалификациите за трката во „мастер класата“ се на програмата в сабота од 16 часот по средноевропско време, додека првата елиминациска рунда в недела стартува во 14 часот. Следете го директниот пренос на Red Bull TV или на официјалната веб страна на првенството, www.redbullairrace.com. Red Bull TV е достапен на сите поврзани телевизори, компјутери, играчки конзоли, мобилни и други уреди. Дознајте повеќе на about.redbull.tv

КАЛЕНДАР 2018:

15-16 септември: Виенер Нојштад, Австрија

6-7 октомври: Индијанаполис, САД

17-18 ноември: Форт Ворт, САД

Facebook Коментари