Поврзете се со нас

Англија

Премиер лигата преку соопштение објави што ќе биде со играчите на кои им истекуваат договорите

Објавено

на

Голем дел од клубовите од Премиер лигата се прашуваа што ќе биде со играчите на кои им истекуваат договорите во јуни.

Англискиот шампионат ќе продолжи во јуни и јули, па токму затоа се стравуваше дека голем дел од фудбалерите кои играат на Островот нема да имаат шанса да ја завршат сезоната.

Сепак, од Премиер лигата преку официјално соопштение потврдија дека играчите ќе може да ги продолжат договорите на краток рок за во целост да ја комплетираат сезоната.

За да се случи тоа, како што јавуваат од раководството на англискиот шампионат треба да има взаемна согласност од двете страни, клубот и играчот.

– Во понеделникот на состанокот сите клубови од Премиер лигата се согласија да биде дозволено да се влезе во преговори за краткорочни продолжувања на договорите на играчите чии договори истекуваат на 30 јуни оваа година.

– Откако владата на Велика Британија дозволи спортот да се врати на 1 јуни, Премиер лигата ги разгледува начините за сезоната да продолжи.

– Клубовите беа загрижени за играчите чии договори истекуваат и за евентуалните проблеми со регистрацијата по 30 јуни. Затоа бшее договорено доколку играчите  и клубовите взаемно се договорат да ги продолжат договорите по 30 јуни, до крајот на сезоната, тоа и да се стори, -стои во дел од соопштението на англиската Премиер лига.

Што се однесува до играчите кои се на позајмица, како што е Одион Игало од Манчестер Јунајтед, тоа се уште не е решено, па Нигериецот се уште не знае дали ќе продолжи да биде играч на „ѓаволите“ или веќе го одиграл својот последен натпревар за клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни