Поврзете се со нас

Англија

Премиер лигата потврди шест позитивни случаи на КОВИД-19

Објавено

на

И додека се чека официјална информација, датум за продолжение на сезоната во Премиер лигата од таму ни стигна информацијата дека по направените тестови се евидентирани шест позитивни случаи на КОВИД-19.

Имено од Премиер лигата информираа дека биле направени 748 тестови на играчи и членови на тимот во неделата и понеделникот, а резултатите покажале дека шест луѓе се заразени и тоа од три клубови.

Од лигата не ги соопштија имињата на поединеците, ниту на клубовите, но оние кои се заразени ќе мора да одат карантин, самоизолација во наредните седум дена.

Претходно се наведуваше 12 јуни како можен датум за рестарт на ПЛ, но сега се очекува тоа да биде одложено, презакажано за друг термин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни