Поврзете се со нас

Англија

Премиер лигата потсети на ретро бравурата на Македонецот: Деликатниот волеј на Христов е „гол на денот“ (Видео)

Објавено

на

Ѓорги Христов стана првиот македонски играч кој заиграл во Премиер лигата во 1997-ма година, кога нашиот познат голгетер стави потпис на договор со англискиот клуб Барнсли.

Легендарниот македонски репрезентативец настапуваше на Островот до 2000-та година, а од времето кога го носеше црвениот дрес на Барнсли, пристигнува и еден погодок кој и ден денеска има значење на ретро мајсторија во Премиер лигата.

Во време кога со нетрпение се очекува рестартот на Премиер лигата, администраторите на натпреварувањето потсетија на незаборавната мајсторија на битолчанецот, кога Христов постигна маестрален волеј гол против Лидс Јунајтед.

Овој погодок беше постигна на 4-ти април 1998-ма година, а 22 години подоцна, одговорните луѓе од Премиер лигата го прогласија за ретро „гол на денот“.

– Деликатниот волеј на Христов….

Goal of the Day: Hristov's delicate volley

𝘍 𝘐 𝘙 𝘚 𝘛 – 𝘛 𝘐 𝘔 𝘌𝘐𝘕𝘐𝘚𝘏#GoalOfTheDay

Gepostet von Premier League am Dienstag, 9. Juni 2020

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни