Поврзете се со нас

Англија

Премиер лигата објави колку фудбалери се вакцинирани досега

Објавено

на

Англиската Премиер лига реши да објави до каде е процесот на вакцинација меѓу фудбалерите кои настапуваат во елитното првенство, навестувајќи дека кампањата за имунизација вродила со плод и дека процентот дополнитлно ќе расте.

Според раководството на лигата, 81 процент од премиерлигашките фудбалери примиле барем една вакцина, а 68 проценти се веќе ревакцинирани.

Премиер лигата не планира да објавува имиња или процент на вакцинација по клуб, но најави дека во иднина почесто ќе ја споделува состојбата во однос на вакцинацијата.

Поединечно, Вулверхемтпон објави дека сите фудбалери се вакцинирани, додека Лидс и Брентфорд објавија дека над 90 проценти од нивниот прв тим примил вакцина.

Висок претставник на британското министерство за здравство им испратил на сите клубови специјално видео, кое го добиле фудбалерите. Во истото им нагласува дека вакцината на производителот Фајзер која најчесто ја примаат лицата на возраст под 40 години е безбедна, додека евентуалното заразување со вирусот може да значи ризик за нивната кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни