Премиер лигата ќе воведе рагби правило како апсолутна иновација во фудбалот!

jesus-megvaer

Премиер лигата беше последно елитно натпреварување кое одлучи да го воведе ВАР системот, но откако видео технологијата пристигна последна на Островот, сега одговорните лица од ФА планираат да бидат први во имплементирањето на еден нов систем.

Првите лица на ФА и Премиер лигата сериозно преговараат и планираат да воведат ново фудбалско правило кое е поврзано за повредите на главата, тема која често знае да биде многу специфична и причина за одредени караници на теренот. Фудбалерите во најголем дел од ситуациите сакаат да ги продолжат натпреварите кога добиваат удар во глава, но во овој момент, дозвола за тоа добиваат од двајцата доктори кои на теренот одлучуваат дали играчот може да добие „зелено светло“.

Премиер лигата сака да ја промени оваа практика, па за наредната сезона се планира да се воведе ново правило, со тоа што во овој момент непознато е кој систем ќе биде употребен. Првиот метод е доста радикален, па така фудбалер кој ќе заработи потрес или удар во главата, веднаш ќе го напушти мечот и ќе биде испратен во соблекувалната, а притоа неговото напуштање од теренот нема да биде вбројано во една од трите измени.

Вториот метод кој се разгледува е доста попопуларен и всушност  станува збор копија на правилото во рагби, според кое играчот по удар во главата заминува во соблекуваната на 15-минутна опсервација од експерти, по што ако добие дозвола за игра, може да се врати на теренот, иако во меѓувреме неговото место на теренот ќе го заземе друг фудбалер.

 

Facebook Коментари