Англија
Премиер лигата ќе има два преодни рока во текот на летото

Англиската Премиер лига, односно нејзиното раководство и клубовите денеска официјализираа дека летниот преоден рок во 2025 година ќе биде поделен на два дела.
Првиот слот за трансфери ќе трае од 1 до 10. јуни, додека вториот ќе започне на 16. јуни и ќе трае до 1. септември.
Првиот преоден рок ќе биде можност за клубовите да се засилат пред почетокот на Светското клупско првенство, а кратката пауза до вториот преоден рок е условена од желбата истиот да трае до крајот на август, односно додека трае преодниот рок во другите европски првенства.
Минатата година, преодниот рок во Премиер лигата траеше од 14 јуни до 30 август.
Манчестер Сити и Челси ќе бидат англиски претставници на клупскиот мундијал во САД кој започнува на 15. јуни, а покрај првата можност за ангажирање нови играчи, ќе можат да регистрираат засилувања и пред почетокот на нокаут фазата, односно од 27 јуни до 3 јули.
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)