Поврзете се со нас

Англија

Премиер лигата го потврди статусот на клубовите во однос на финансискиот фер-плеј

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Премиер лигата денеска го објави извештајот за исполнувањето на обврските на клубовите од финансискиот фер плеј за сезоната 2023/24 и потврди дека ниту еден клуб не направил ваков тип прекршок, кој повлекува соодветна казна.

Сите 20 учесници во најсилната англиска лига ги поднеле потребните документи до крајот на годината и кај ниту еден од нив не е пронајден проблем, односно не е надмината дозволена загуба од 105 милиони фунти за последните три сезони.

Минатата година ваква казна добија Евертон и Нотингем Форест, по што им беа одземени осум, односно четири бодови. Лестер избегна казна откако ја доби тужбата по првичната одлука на лигата, во ситуација додека уште беше дел од Чемпионшип.

Експертите кои детално ги следат извештаите на клубовите претходно најавија дека неколку клубови се во опасност да бидат казнети, а меѓу нив беа Челси, Њукасл и Астон Вила.

Вила очигледно успеа да се извлече со продажбата на Даглас Луиз во Јувентус, Челси продаде два хотела во близина на стадионот, а Њукасл продаде неколку играчи и избегна трансфери претходниот јануари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни