Поврзете се со нас

Англија

Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Англиските медиуми уште пред два дена објавија дека Хари Мегваер ќе биде прогласен за играч на месецот, а денеска Премиер лигата официјално го потврди „крунисувањето“ на дефанзивецот.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед доживеа неверојатен пресврт сезонава, влезе во неа како резервист во тимот на Ерик тен Хаг, за во ноември да биде во прв план во одбраната на премиерлигашот.

Јунајтед во ноември оствари три победи без примен гол, а Мегваер беше стартер и еден од најдобрите поединци во редовите на својата екипа, за што сега го доби и првото признание за играч на месецот во кариерата.

Фановите на Јунајтед и пред се оние неутралните веднаш направија вирална шега, во која потенцираат дека сега Мегваер има повеќе освоени признанија од еден Кевин де Брујне, кој никогаш не бил прогласен за играч на месецот во ПЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни