Поврзете се со нас

Англија

Премиер лигата го истакна неверојатниот спринт на Мудрик во 88. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Михаило Мудрик настапи на младинското Европско првенство за да темпира форма и тоа наиде на позитивни вибрации кај менаџерот Маурисио Покетино, кој рано утрово ја виде и првата бравура од Украинецот со свои очи.

После шест тешки месеци минати во клубот од Лондон, Мудрик рано утрово го постигна првиот гол како член на Челси на пријателската против Брајтон, но тоа не беше единствениот добар потег од него.

Михаило очигледно има голема желба да покаже колку вреди и доказ за тоа е залагањето на денешниот меч против Брајтон, на кој покрај фантастичниот гол, се истакна и со низа продори по левата страна.

Украинецот важи за еден од најбрзите играчи во Премиер лигата и минатата сезона ја заврши како трет најбрз во елитата, а зошто е тоа така се уверија и фановите кои го гледаа неговиот настап рано утрово.

Мудрик беше подготвен за молњевити спринтови во самата завршница од мечот, па оној од 88-та минута стана вирален хит и поради објавата на Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни