Англија
Премиер лигата даде објаснување за контроверзниот гол на Њукасл, Постекоглу „врие“: Никогаш не сум бил побесен! (Видео)
Тотенхем загуби на уште еден натпревар на домашен терен и овојпат мораше да гледа како Њукасл прави пресврт по почетниот гол на Соланки, но сценариото кое го гледаа навивачите на клубот од Северен Лондон направи да видиме голема нервоза на трибините, но и долу на теренот.
Њукасл многу брзо возврати по голот на Соланки и одговори преку Гордон со гол за 1:1, но додека гостите славеа, домаќините не можеа да сфатат како судиите не го поништија голот.
При акцијата во која залетан беше Бергвал, пасот од играчот на Тотенхем заврши во раката на Жоелинтон, па иако беше очигледно дека Њукасл доби предност од играњето со рака, судиите решија да не се огласуваат.
Менаџерот Анге Постекоглу буквално „вриеше“ на клупата за резерви и не можеше да поверува дека нема корекција од ВАР на оваа одлука од главниот арбитар, но уште побесен беше кога Њукасл направи пресврт и славеше со 1:2.
Премиер лигата даде кратко објаснување за спорниот момент и посочи дека акцијата не била прекината поради тоа што станувало збор за ненамерно играње со рака, образложение кое дефинитивно не го утеши Постекоглу.
– Одлуката на судијата голот на Гордон да биде валиден беше потврдена од ВАР. Беше извршена проверка за играње со рака од Жоелинтон во почетокот на акциајта, а поради тоа што немаше неправилно движење со раката и поради тоа што истата беше во природна позиција, го оценивме контактот како случаен, – гласи образложението на Премиер лигата.
– Навистина сум бесен, мислам дека никогаш не сум бил побесен во мојата кариера. Не добивме награда и покрај брилијантните перформанси. Им оддавам признание на играчите, сигурен сум дека ќе победевме ако се играше во рамноправни услови за двата тима. За жал, овојпат не беше така, – се пожали лутиот Постекоглу.
Should this have been called a handball on Joelinton in the build up to Newcastle's goal? 🤔 pic.twitter.com/HAvNDC08mH
— Football on TNT Sports (@footballontnt) January 4, 2025
-
Шпанија23 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Италија22 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Шпанија24 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
АТП5 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија15 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер
-
Шпанија14 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)