Прекинато футсал дербито во Велес: Навивач на Шкупи нападнал домашен фудбалер

veles-shkupi

Футсал дербито од македонското првенство меѓу екипите на Велес и Шкупи било прекинато поради инцидент кој се случил во второто полувреме на средбата во салата „Гемиџии“ во Велес.

Гостински навивач нападнал играч на домашниот Велес во моментите кога оваа екипа имала водство со 3:2, по што официјалните лица решиле да го прекинат натпревар, за чиј исход сега ќе решаваат одговорните комисии во федерацијата. Инцидентот е пријавен во ФФМ, но и Министерството за внатрешни работи.

Facebook Коментари