Поврзете се со нас

Македонија

Прекинатиот натпревар во Чаир ќе се доигра без публика, двата клуба добија казни

Објавено

на

Македонската кошаркарска федерација денеска ја објави одлуката на комесарот за натпревари, Александар Милојевиќ, донесена поради прекинот на вчерашниот прволигашки дуел меѓу Чаир и МЗТ Скопје Аеродром.

Гостите одбија да го доиграат натпреварот поради тоа што нивен претставник бил нападнат од службено лице, домаќините тврдеа дека МЗТ го измислил инцидентот, но МКФ пресече со одлуката на Милојевиќ.

Според истата, натпреварот треба да се доигра без публика и тоа од моментот и со резултатот на кој е прекинат, а гостите ќе платат парична казна од 30.000 денари.

КК Чаир е казнет поради слаба организација со 40.000 денари, додека техничкиот претставник Алајдин Мустафа е казнет со 20.000 денари и суспензија до крајот на сезоната. Вчерашниот домаќин доби забрана и за поставување ВИП столчиња, а натпреварот треба да се доигра во рок од 48 часа.

Натпреварот е прекинат на полувреме, со резултат 42:44 во корист на актуелниот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни