Прекината е црната серија: Металург го надигра Татран во Скопје

pesevski

Македонскиот вицешампион Металург ја прекина црната серија од шест порази во низа и вечерва славеше над тимот на Татран Прешов со 31-30 во СЕХА лигата.

„Металурзите“ го надиграат претставникот на Словачка и треба да жалат поради тоа што славеа само со еден гол разлика. Избраниците на Јовиќ во 47 минута имаа плус 11 (28-17), но до самиот крај следуваше голем пад во играта на Металург и гостите се изборија за далеку поповолен резултат.

Јагањац со 9 голови беше најрасположен, по 5 пати реализираа Токиќ, Кузмановски и Пешевски. Бурирац кај Татран беше фантастичен со 11 голови.

Ова за клубот од Автокоманда беше трета победа во осмиот сезонски натпревар.

Facebook Коментари