Поврзете се со нас

Англија

Преговорите меѓу Јунајтед и Дортмунд во ќорсокак, ниту една страна не сака да попушти

Објавено

на

blank

Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд биле стопирани откако ни двете страни не попуштале од своите барања.

Манчестер Јунајтед не е подготвен да ги плати 120те милиони кои ги бара Борусија Дортмунд за играчот, а германскиот клуб пак не сака да ја намали цената на играчот.

„Милионерите“ би ја намалиле цената на 100 милиони евра доколку Јунајтед веднаш го плати Санчо, а не на рати како што се шпекулираше.

Англискиот тим бара „корона попуст“ поради економската криза предизвикана од пандемијата и го бара Санчо за сума од околу 85 милиони евра, но Борусија не сака ни да слушне за продажба за толку пари.

„Скај Спортс“ пишува дека Манчестер Јунајтед сега е во потрага по играчи кои би стигнале во клубот како замена за Санчо.

Прв на листата е крилниот фудбалер на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Кингсли Коман.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни