Англија
Преговорите меѓу Евертон и Биелса пропаднале поради уникатен предлог на „лудакот“, Дајч ќе биде нов менаџер на „Гудисон“

Марсело Биелса вчера беше уловен како пристигнува во Ливерпул на закажани преговори со Евертон, но по направениот разговор и прво интервју со водечките луѓе на клубот, двете страни одлучиле дека во моментов се далеку од постигнување договор.
Газдата Фарад Мошири гледал на Биелса како прв кандидат за наследник на Френк Лампард, но како што стојат работите, нов менаџер на „карамелите“ ќе биде поранешниот долгогодишен предводник на Барнли, Шон Дајч.
Како што информираат најугледните англиски медиуми, гледиштата на Евертон како клуб и Биелса како иден менаџер биле комплетно различни, бидејќи првата страна сакала кратокрочно решение за да се избегне испаѓање, додека аргентинскиот стручњак понудил долгорочен план и стратегија, која сепак не била прифатена.
Биелса имал уникатен предлог до првиот човек на Евертон и неговите блиски соработници, односно им препорачал да го води У21 тимот на Евертон до крајот на сезоната заедно со свои седум помошници, а потоа да биде промовиран како менаџер на првиот тим.
Имено, Аргентинецот се сомневал во тоа дека актуелниот тим на Евертон толку брзо ќе се адаптира на неговата филозофија и побарал време за работа во младинскиот тим, со цел сето тоа после да го имплементира во првиот тим за време на летните подготовки.
Овој план од Биелса сепак не бил одобрен од страна на Мошири и директорите на Евертон, па сега Шон Дајч е човекот кој се очекува да биде промовиран за наследник на Лампард до крајот на денот, или најдоцна до крајот на викендот.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……