Предвидување на Шпанецот: Мата знае кога Јунајтед ќе ја освои Премиер лигата

mata

Англискиот великан, Манчестер Јунајтед и во актуелнава сезона влезе со желба и цел одново да се врати на врвот во Премиер лигата, поточно за прв пат да дојде до големиот пехар по заминувањето на легендарниот Алекс Фергусон.

Меѓутоа за тоа се случи во оваа кампања ќе им треба вистинско чудо со оглед на тоа што нивниот градски ривал Сити има 15 бодови повеќе на табелата на 16 кола до крајот. Во оваа невозможна мисија не веруваат ниту во Јунајтед, а тоа се гледа и по изјавата на шпанскиот репрезентативец Хуан Мата кој ја посочува наредната кампања како одлична можност да слават во ПЛ.

-Мислам дека ПЛ, во однос на поените за нас е најдобра откако јас простигнав тука и откако тие ја освоија лигата во последната сезона на Алекс Фергусон. Ова можеби значи дека веќе следната година ќе бидеме први. Ние сме повеќе конзистентни во лигата, -порача Мата за „Марка“.

Јунајтед мечот од 23. рунда во Премиер лигата го игра во понеделник на домашен терен против Стоук.

Facebook Коментари