Поврзете се со нас

Англија

Предвидување на Мурињо: Жозе типуваше кои три тима ќе се борат за титулите во Премиер лигата и ЛШ (Видео)

Објавено

на

Жозе Мурињо се отвори на многу лични искуства кои ги доживеа во кариерата како менаџер на Манчестер Јунајтед и Рома во ексклузивниот разговор со Рио Фердинанд, но на легендарниот стопер му ги наброја и главните фаворити за титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Португалецот доби за задача да типува кој ќе биде најдобар во англиската елита и во најсилното европско натпреварување, а според Мурињо, во потесниот круг се наоѓааат само три клуба.

Жозе е убеден дека Манчестер Сити ќе се бори за одбрана на трофеите во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, додека како единствени ривали ги споменува Ливерпул и Реал Мадрид.

– Премиер лигата ќе ја освои Сити. Сити или Ливерпул, но мислам дека ќе биде Сити. За Лигата на шампионите ќе кажам Сити или Реал Мадрид. Ако ја освои некој друг од страна, за мене ќе биде големо изненадување. Би сакал Реал Мадрид пак да го освои трофејот, го сакам тоа за клубот, но и за Карло Анчелоти.

– Гледајќи ги потенцијалите на останатите, може да освои и Баерн и ПСЖ, но ќе кажам Сити или Ливерпул за Премиер лигата и Сити или Реал за Лигата на шампиони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни