Поврзете се со нас

Свет

Предизвик за центарот: Вајли има нов клуб во Шпанија!

Објавено

на

blank

Новиот македонски репрезентативец, Џејкоб Вајли договори нов клупски ангажман со тоа што истиот одново е во Шпанија.

Тој на крајот на минатата календарска година се раздели со Гран Канарија откако се зарази со коронавирусот, меѓутоа остана отворена вратата за продолжување на соработката, поточно враќање откако ќе се надмине здравствениот проблем.

Сега со Вајли се е во ред, тоа се види и со настапот за Македонија на турнирот во Перм, меѓутоа Американецот нема намера да се врати на Канарските острови и негов нов клуб е Сарагоса.

-Точно е, го менувам клубот, но не ја менувам земјата. Продолжувам во најсилната лига во Европа. Но како играч на Сарагоса. Со мојата менаџерска агенција одлучивме дека во овој момент тоа е најдобриот потег. Да ја променам играчката средина.

-Сакам да играм натпревари на високо ниво, какви што беа овие во Русија, и на клупско ниво. Сарагоса игра во Лигата на Шампионите. Следуваат шест мечеви во втората фаза, и дуели со екипи како Бросе Бамберг, Динамо Сасари и Нимбурк. Мислам дека сме со добри шанси да одиме понатаму. Но за тоа по одигрувањето на шесте натпревари во групата. Сарагоса има шанси да биде и во плеј-офот од ‘Ендеса’ лигата. Тоа се моите наредни предизвици, -вели Вајли кој и се радува за битката со Ненад Димитријевиќ и Хувентуд која е закажана за 6 март.

-Не знаев, добро ќе се подготвам за тој меч. Нено, прекрасно момче, пред него е убава кариера. Имавме добро дружење во Перм, ќе го продолжиме и во Шпанија. Истото се однесува и за Теодор Симиќ. Жал ми е што не заигра во Русија, но се надевам, и му посакувам брзо да добие минути и во сениорскиот тим, -порачува Џејкоб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни