Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пред точно 29 години: Панчев и Најдоски станаа европски шампиони со Црвена Звезда (ВИДЕО)

Објавено

на

На денешен ден пред точно 29 години, македонските легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски се качија на врвот на Европа, односно со Црвена Звезда ја освоија Лигата на шампионите.

Во еден исцрпувачки меч во Бари против Олимпик Марсеј пеналите го одлучија шампионот откако во регуларниот дел и продолженијата мрежите мируваа. Токму решавачкиот пенал за титулата го изведе нашиот Панчев кој го матираше Олмета по што започна големото славје на „црвено-белите“ од Белград.

Ова дефинитивно е најголемиот успех на клуб од овие балкански простори, успех кој навистина е тешко да се повтори во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни