Поврзете се со нас

Англија

Пред шест дена играше против Македонија, а сега е на чекор до Ливерпул: Не сакам да отфрлам дека..

Објавено

на

Медиумите во Англија изминативе два дена се погласно шпекулираат дека австрискиот репрезентативец и член на Хофенхајм, Кристоф Баумгартнер ќе се пресели во тимот на Ливерпул.

Клубот од „Енфилд“ бил заинтересиран да го ангажира играчот од средниот ред кој играше 60 минути на натпреварот против Македонија.

21 годишниот Баумгартнер е играч од средината на теренот кој беше меѓу најдобрите фудбалери на Хофенхајм во сезоната што измина. Додека е  на репрезентативни обврски со Австрија, фудбалерот посочи дека му е мило што чита дека се поврзува со трансфер во тимот на Ливерпул.

– На овој турнир нема многу време да се размислува на вакви шпекулации. Сепак, нема да отфрлам дека ми се допаѓа што слушам нешто такво, дека моето име се поврзува со тој тим, но во овој момент тоа не е тема за мене и јас сум фокусиран само на турнирот.

– Дел од работата е да се носиш со ваквите шпекулации, веќе имам искуство со тоа. Подобро е да се пишуваат вакви шпекулации за вас отколку шпекулации во другите полиња, -изјави Баумгарнтер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни