Пред пола година се фатија за врат, а сега имаа шоу и на „Олимпико“: Џеко и Манолас „пријателски“ го прославија голот на Босанецот (Видео)

dzeko-roma

Рома очекувано славеше над Беневенто со 5:2 во последниот дуел од неделната програма во Серија А, натпревар на кој домаќините од Рим сепак имаа одредени потешкотии бидејќи мораа да направат пресврт во пресметката со аутсајдерот.

По изненадувачкиот гол на Гилјерме, Фазио израмни на 1:1 во 26-та минута, а на следниот гол се чекаше дури до 15-та минута од вториот дел кога отпорот на гостите го скрши Един Џеко. Голот на Босанецот комплетно го скрши Беневенто и во продолжение прими уште три гола, но дека не беше се едноставно на „Олимпико“ најдобро ни говори и реакцијата која ја имаа Един Џеко и Костас Манолас.

Овој двоец и е познат на јавноста од минатото лето кога двајцата се фатија за врат за дуелот меѓу Босна и Грција, а дека има одредена нетрпеливост меѓу нив се виде и по вчерашниот втор гол на Рома против Беневенто. Додека сите соиграчи му пријдоа на Џеко да му честитаат, напаѓачот и Манолас имаа што да си разменат еден на друг и всушност ја уништија прославата на голот со својата препирка.

Facebook Коментари