Поврзете се со нас

Италија

Пред пет години беше херој на Ливерпул против Барса, денеска беше префрлен во вториот тим на Милан! (Фото)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ му правеше друштво на Пауло Фонсека на официјалниот прес кој го одржа новиот тренер на Милан, а Швеѓанецот како главен консултант на „Ред Брд“ семејството имаше и важен збор пред насобраните новинари.

Ибра ја почна својата директорска авантура и работи во полна пареа од стартот на месец јуни, па како еден од најодговорните во клубот од „Сан Сиро“, Златан говореше на многу интересни теми.

Ибрахимовиќ јасно и прецизно нагласи дека клубот се откажал од Зиркзе и дека бара друг напаѓач на трансфер пазарот, но исто така откри дека Дивок Ориги веќе нема место во првиот тим.

Некогашниот херој на Ливерпул против Барселона доживеа голем пад откако се пресели во Милан, а Ибра денеска потврди дека тој е префрлен во вториот тим и дека оттаму ќе чека разврска за својата иднина.

– Двајца играчи кои до лани беа во првиот тим не се повикани за првиот тренинг. Тоа се Дивок Ориги и Бало Туре. Тие нема да бидат дел од првиот тим, затоа се префрлени во Примавера тимот. Тие повеќе не се дел од нашиот проект, – откри Ибра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни