ВТА
Пред неколку години беше трета најдобра тенисерка, а сега вежба со автоматска пушка во Харков (Фото)
Елина Свитолина реши да го пропушти завршниот дел од сезоната на ВТА турот и последниот настап го забележа на Ју-Ес Опен, а главна причина за тоа е операцијата која ја направи на стапалото.
Украинката во последно време се самомотивираше со објави на социјалните мрежи на кои открива во која насока оди нејзиниот напредок, но последната објава ја посвети на својата родна земја која се уште е во воен фронт.
Свитолина одлучила да посети еден од најпогодените градови во изминативе две години, па од Харков испорача фотографии кои ја натераа да објави и емотивна порака.
Тенисерката која беше светски рекет број 3 во 2017-та година го замени рекетот со автоматски пушки и огнени оружја, а вежбите ги искористила за да им даде поддршка на украинските бранители.
– Харков има посебно место во моето срце. Градот кој ми даде чувство на вистински дом кога мојата професионална кариера започна овде на 12-годишна возраст. Град кој продолжува да дава топлина и заштита за време на големата војна. Ако ме прашувате каде ја наоѓам мотивацијата да се борам на спортските терени? Тоа се мојата земја, мојот народ, мојот Харков и нашите херои, – порачува Свитолина која инаку е сопруга на Гаел Монфис.
-
Англија10 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија17 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија16 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Македонија12 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација5 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Италија16 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Шпанија3 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите