Пред неколку дена беше избран за играч на месецот, но стана топ тема поради уништувањето на сопствениот стан (Видео)

kamings-1

Џејсон Камингс минатата година дебитираше во најсилната селекција на шкотската фудбалска репрезентација, а во моменти кога можеби ги доживува и најдобрите моменти во својата кариера, напаѓачот на Питербороу направи скандал кој дефинитивно нема позитивно да влијае врз него по феноменалниот старт на сезоната.

Шкотскиот напаѓач беше избран за најдобар играч во Лига 1 за месец август откако постигна шест гола во првите неколку натпревари, но верувале или не, оваа еуфорија го одведе до тој степен, што одлучи да си го испокрши луксузниот стан во кој престојува.

Дваесет и тригодишниот центарфор најверојатно е во алкохолизирана состојба на видеото во кое се гледа како се обидува да си го уништи станот, а барем засега, се уште нема никаква информација дали ќе добие казна од клубот за ова недолично однесување.

Facebook Коментари