Поврзете се со нас

Македонија

Пред дуелот со Слован: Струга се засили со најдобриот напаѓач на Гостивар

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/Fcstruga

Струга полека се подготвува за двомечот со Слован Братислава во квалификациите за Лига на шампиони, но пред да дојде до првиот меч кој се игра в среда, македонскиот шампион излезе со известување за уште едно засилување.

Клубот од езерото вечерва соопшти дека е ангажиран најдобриот напаѓач на Гостивар од минаата сезона, Нигериецот Ланре Кехинде кој воодушеви со своите настапи во премиерната сезона во Првата македонска фудаблска лига.

Кехинде постигна 12 голови како член на Гостивар и тоа беше добра препорака за трансфер ова лето, а на крајот завршува во редовите на македонскиот првак.

Досегашниот член на Гостивар е едно од низата засилувања кои ги донесе Струга пред европското лето, а најзвучни беа ангажманите на Кире Ристевски и Стефан Спировски, двајцата македонски репрезентативци.

Претходно ангажирани беа и Бојан Илиевски и Масаки Такахара, како и Стефан Јефтовски и голманот Филип Дујмовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни