Шпанија
Пред четири месеци ја освои Лига Европа, вечерва доби отказ (Фото)

Хосе Луис Мендилибар беше спасител на Севилја минатата сезона и поради освоената титула во Лига Европа доби нов договор, но четири месеци подоцна, работите изгледаат многу поинаку во Андалузија.
Искусниот фудбалски стручњак ги освои симпатиите со својата прагматичност која го однесе тимот до титулата во Будимпешта, меѓутоа лошиот старт на сезоната резултираше со отказ доцна вечерва.
Севилја ја информираше јавноста дека е дојдено до разделба со 62-годишниот фудбалски стручњак, сето тоа како последица на разочарувачките резултати во новата сезона.
Двете победи на 11 натпревари и осумте освоени бода во осум кола во Ла Лига се премалку за клуб со амбиции како Севилја, а на крајот испадна дека на Мендилибар му пресудија Столе Димитриевски и неговите соиграчи.
Севилја вчера влезе на мечот со Рајо Валјекано со голем императив да победи, но на крајот се спасуваше од пораз со гол во 96-та минута. Голот за 2:2 му донесе реми на домашниот тим, но тоа не беше доволно за Мендилибар да си ја спаси работата.
ℹ️ José Luis Mendilibar has been relieved of his duties as #SevillaFC coach.
Thank you for everything, José Luis.
— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) October 8, 2023
-
Шпанијапред 17 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 12 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 16 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 12 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 16 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 14 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 17 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг
-
Германијапред 15 часа
Ѕвезди на Баер Леверкузен на тест по географија: Фримпонг киксираше на македонското знаме (Видео)