Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пред англиското финале во ЛШ: Британската влада ја стави Турција на „црвената листа“

Објавено

на

Челси и Манчестер Сити треба да го играат финалето на Лигата на шампионите во Истанбул, а британската влада денеска ја стави Турција на црвената листа за патување.

На Британците не им се препорачува да патуваат во Турција поради заштита од пандемијата со коронавирусот, а по враќањето од евентуалното патување во земјите од оваа листа, задолжителен е 10-дневен хотелски карантин.

Ова е сериозен проблем и за УЕФА, која и онака размислуваше за преселба на финалето закажано за 29. мај, а сега е под притисок на англиското лоби кое се обидува да го префрли натпреварот на „Вембли“.

Сепак, пореалната варијанта е британската влада да ги ослободи членовите на клубовите и евентуално навивачите кои би патувале од обврските предвидени со протоколот, нешто што дополнително треба да биде потврдено.

Засега е јасно дека „Вембли“ е зафатен на 29. мај, бидејќи тогаш треба да се игра финалето на плејофот на Чемпионшип.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни