Поврзете се со нас

Англија

Празнично расположение на „Енфилд Роуд“: Салах влезе во „клубот 100“, Ливерпул славеше со пресврт (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Божиќното расположение на „Енфилд Роуд“ стана уште повпечатливо на „Боксинг деј“, од една страна поради киксот на Челси, но пред се поради новото извонредно издание и победата на избраниците на Арне Слот.

Ливерпул тргна малку „изгубено“ во услови на магла и рано прими гол од Ају во 6-та минута, но беше јасно дека водството на Лестер само ќе го разлути домаќинот кој тргна со сите сили по израмнување.

Лидерот на табелата константно вршеше притисок до крајот на првиот дел во обид да ги врати работите напочеток, па иако на моменти нападите изгледаа и јалово, Гакпо со мајсторски удар погоди за 1:1 во вистинско време.

Холанѓанецот постигна гол во првата минута од продолжението и Ливерпул се врати во игра, а многу брзо дојде и до водство на стартот на вториот дел.

Куртис Џонс беше на вистинско место по додавањето на МекАлистер, а до крајот се случи она што сите го чекаа на „Енфилд“, односно гол на Мо Салах.

Египќанецот ја продолжи својата страшна форма и одново се запиша во листата на стрелците, но со денешниот гол влезе во одбрано друштво, односно стана дел од „клубот 100“.

Салах стана само осмиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал 100 голови на домашен терен, од кои 98 се како член на Ливерпул, а само два како играч на Челси.

Ливерпул по оваа победа е самостоен на врвот во Премиер лигата, и тоа со седум бодови повеќе од Челси.

 

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни