Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Правдата на „Итихад“ ќе ја дели човекот кој Модриќ го нарече најлош судија во светот

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Првата пресметка меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити заврши 3:3 и тоа беше вистински празник за сите искрени фудбалски фанови, а денеска УЕФА делегираше кој судија ќе ја дели правдата на реваншот кој се игра во среда.

Актуелниот европски шампион ќе го пречека „кралскиот клуб“ на „Итихад“ и двата тима влегуваат со подеднакви шанси за пласман во полуфиналето, но од попладенво е познато кој човек ќе биде задолжен за носење на најважните одлуки на теренот.

Европската Федерација му ја додели оваа задача на Даниеле Орсато, елитниот италијански судија кој веќе судеше на две меѓусебни пресметки меѓу Сити и Реал Мадрид.

Орсато двапати досега судеше на „Сантијаго Бернабеу“ и првиот пат Сити победи 1:2 во 2020-та година, додека Реал Мадрид беше подобар во трилер историскиот меч во 2022-ра година.

Реал Мадрид има четири победи и четири порази со овој судија како главен арбитар, додека Сити има биланс од четири победи и два порази. Интересно, Орсато беше избран за најдобар судија на Светското првенство во 2022-ра година, на кое пак Лука Модриќ го нарече Италијанецот најлош судија во светот.

– Никогаш не зборувам за судиите, но овојпат тоа е невозможно. Ова е еден од најлошите судии кои ги познавам, ако не и најлошиот. Не го велам ова само поради натпреварот со Аргентина, ми има судено повеќепати и никогаш не сум имал добри спомени од него. Тој е вистинска катастрофа, – изјави Модриќ по елиминацијата на Хрватска од Аргентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни