Поврзете се со нас

Англија

Прашање е на време кога ќе заврши во поголем клуб: Братот на Белингем со мајсторија која се врти низ Англија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/SunderlandAFC

Џуд Белингем има исклучителна сезона во дресот на Реал Мадрид, тим за кој вчера даде два гола во дерби победата над Џирона во Примера.

Потоа тој се повреди и некое време ќе мора да одмори од фудбалските терени, но она што досега го направи е импресивно со оглед на тоа што ова за него е прва година во дресот на великанот.

Меѓутоа кога е во прашање презимето Белингем има уште едно момче кое блеска и ветува-тоа е Џоб кој го носи дресот на Сандерленд. Тој има 18 години и игра добро во дресот на некогашниот прволигаш и се чини прашање е на време кога ќе заврши во поголем клуб особено ако продолжи да дава голови како оној вчерашниот против Плимут.

Џоб покажа дел од својата магија, потенцијал и постигна гол со кој се најде во фокусот на островот и пошироко низ светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни